1948
Од Википедија, слободната енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1948 година е престапна година, која започнува во четврток на Грегоријанскиот календар.
Содржина |
[уреди] Настани
[уреди] јануари
- 1 јануари – Основана е Македонската опера. За прв директор е назначен Тодор Скаловски.
- 4 јануари – Бурма добива независност од Британија.
- 17 јануари - Основано e претпријатие за јавен превоз ЈСП СКОПЈЕ во Скопје.
- 30 јануари – Отворени се Зимските олимписки игри во Сент Мориц, Швајцарија.
- 30 јануари – Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2.10.1869 година.
[уреди] февруари
- 4 февруари – Цејлон станува независен во рамките на Британскиот Комонвелт.
- 25 февруари – Комунистичката партија ја презема власта во Чехословачка.
[уреди] март
[уреди] април
- 7 април – Основана е Светската Здравствена Организација.
[уреди] мај
- 14 мај - Прогласена е државата Израел.
- 15 мај – Започнува Арапско-израелската војна од 1948 година: Египет, Транјордан, Либан, Сирија, Ирак и Саудиска Арабија го напаѓаат Израел.
- 23-24 мај – Одржан е Вториот конгрес на Народниот фронт на Македонија.
[уреди] јуни
- 24 јуни – Започнува блокадата на Берлин.
- 28 јуни – Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија.
[уреди] јули
- 1 јули – Основан е Македонскиот балет. За прв директор е поставен Ѓорѓи Македонски.
- 15 јули – Извршен е обид за атентат врз Палмиро Толјати, генерален секретар на Комунистичката партија на Италија.
- 21 - 28 јули - Во Белград се одржува Петтиот конгрес на КПЈ, на кој се отфрла Резолуцијата на Информбирото.
- 22 јули - Основан е Институтот за национална историја. За прв директор е именуван Митко Зафировски.
- 29 јули – Отворени се Летните олимписки игри во Лондон.
[уреди] август
- 23 август – Основан е Светскиот Конгрес на Црквите.
[уреди] септември
[уреди] октомври
[уреди] ноември
- 2 ноември – На претседателските избори во САД победува Хари Труман.
- 24 ноември – Во Венецуела претседателот Ромуло Батанкур е соборен преку воен удар.
[уреди] декември
- 10 декември – Генералното собрание на Обединетите Нации ја усвојува Општата декларација за човекови права.
- 19-22 декември – Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија.
[уреди] Родени
- 4 февруари – Алис Купер, американски пејач
- 31 март – Ал Гор, американски потпретседател
- 1 април – Џими Клиф, јамајкански пејач
- 30 јули – Жан Рено, француски актер
- 3 август – Жан Пјер Рафаран, француски премиер
- 5 септември – Бенита Фереро-Валднер, австриска политичарка
- 6 октомври – Џери Адамс, северно-ирски политичар
- 3 декември – Ози Озборн, британски пејач
- 10 декември – Абу Абас, палестински борец за независност
- 27 декември – Жерард Депардје, француски актер
- Русомир Богдановски, македонски писател
[уреди] Починале
- 30 јануари – Махатма Ганди, индиски водач на борбата за независност
- 30 јануари – Орвил Рајт, американски пронаоѓач на авионот
- 11 февруари – Сергеј Ејзенштајн, советски режисер
- 10 март – Јан Масарик, чехословачки министер за надворешни работи
- 24 март – Николај Берѓаев, руски филозоф
- 10 септември – Фердинанд I, бугарски цар
- 17 септември – Фолке Бернадоте, шведски дипломат
Видете исто:
![]() |
Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1948“ |