1984
Од Википедија, слободната енциклопедија
Оваа статија обработува годината. За романот на Џорџ Орвел, видете 1984 (роман). За други значења, видете 1984 (појаснување).
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 1 јануари – Брунеи станува целосно независна држава.
- 8 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Сараево.
- 5 март – Индискиот премиер Индира Ганди наредува напад врз Харимандир Сахиб, најсветото место на сикизмот.
- 6 март – Започнува штрајкот на рударите во Британија, кој ќе трае една година.
- 25 јули – Светлана Савитскаја стана првата жена која се прошета во вселенскиот простор надвор од леталото.
- 28 јули – Отворени се Летните олимписки игри во Лос Анџелес.
- 4 август – Горна Волта го променува името во Буркина Фасо.
- 4 септември – Во Никарагва се одржуваат избори на кои победуваат сандинистите.
- 19 октомври – Полската тајна полиција го апси свештеникот Јержи Попиелушко, кој го поддржува независниот синдикат Солидарношч. По 11 дена е пронајден неговиот труп.
- 6 ноември – На американските претседателски избори републиканецот Роналд Реган освојува нов мандат.
- Филмот „Дина“ на Дејвид Линч го обиколува светот.
[уреди] Родени
- 28 февруари – Каролина Куркова, чешки модел
- 9 март – Џулија Манкусо, американска скијачка
- 20 март – Фернандо Торес, шпански фудбалер
- 24 март - Крис Бош, американски кошаркар
- 26 март - Ахмед Секу Туре, гвинејски државник
- 29 мај – Кармело Ентони, американски кошаркар
- 12 август – Шерон Симпсон, јамајканска атлетичарка
- 27 септември – Аврил Лавињ, канадска пејачка
- 22 ноември - Скарлет Јохансон, американска актерка
- 30 декември – Леброн Џејмс, американски кошаркар
[уреди] Починале
- 9 февруари – Јуриј Андропов, генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз
- 21 февруари – Михаил Шолохов, руски писател
- 16 мај – Ирвин Шо, американски писател
- 2 јуни - Кирил Македонски, македонски композитор
- 26 јуни – Мишел Фуко, француски философ
- 26 јули – Џорџ Галуп, американски статистичар
- 5 август – Ричард Бартон, велшки актер
- 13 август - Тигран Петросјан, ерменски шахист
- 23 септември - Владо Малески, македонски писател
- 21 октомври – Франсоа Трифо, француски режисер
- 31 октомври – Индира Ганди, индиски премиер
Видете исто:
![]() |
Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1984“ |