1968
Од Википедија, слободната енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Содржина |
[уреди] Настани
[уреди] јануари
- 5 јануари – Александар Дупчек е избран за лидер на Комунистичката партија на Чехословачка.
- 23 јануари – Морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
- 30 јануари – Започнува Тет офанзивата во Виетнамската војна.
- 31 јануари – Науру прогласува независност од Австралија.
[уреди] февруари
[уреди] март
- 12 март – Маврициус се стекнува со независност од Британија.
- 16 март – Американските трупи го извршуваат масакрот кај Мај Лаи во Виетнам.
[уреди] април
- 4 април - Во Мемфис е извршен атентат врз Мартин Лутер Кинг.
- 11 април - Извршен е неуспешен обид за атентат врз Руди Дучке, лидер на студентското движење во Западна Германија.
- 29 април – Прво прикажување на мјузиклот „Коса“.
[уреди] мај
- мај - Се одржуваат студентски демонстрации во Париз.
[уреди] јуни
[уреди] јули
[уреди] август
- 20 август – Силите на Варшавскиот пакт ја окупираат Чехословачка со што завршува Прашката пролет.
[уреди] септември
- 6 септември – Свазиленд станува независна држава.
[уреди] октомври
- 11 октомври – Во Панама е извршен воен удар.
- 12 – 27 октомври – Се одржуваат Летните олимписки игри во Сиудад Мексико.
- 12 октомври – Екваторска Гвинеја добива независност од Шпанија.
[уреди] ноември
- 11 ноември – На Малдивите е прогласена втората република.
- 18 – 20 ноември – Се одржува Петтиот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија.
- 27 – 28 ноември – Се одржуваат демонстрации на Албанците на Косово.
[уреди] декември
- 23 декември – Се одржуваат демонстрации на Албанците во Тетово.
[уреди] Родени
- 3 февруари - Владе Дивац, српски кошаркар
- 30 март – Селин Дион, канадска пејачка
- 7 мај – Трејси Лордс, американска актерка
- 9 мај – Мари-Жозе Перек, француска атлетичарка
- 28 мај – Кајли Миног, австралиска пејачка
- 27 август - Петар Наумоски, македонски кошаркар
- 18 септември – Тони Кукоч, хрватски кошаркар
- 25 септември - Вил Смит, американски актери пејач
- 23 декември - Мануел Ривера-Ортис, американски фотограф
[уреди] Починале
- 27 март – Јуриј Гагарин, советски космонаут
- 4 април – Мартин Лутер Кинг, американски борец за човекови права
- 1 јуни – Хелен Келер, американска активистка за правата на слепите лица
- 6 јуни – Роберт Кенеди, американски политичар
- 28 јули - Ото Хан, германски хемичар
- 1 август - Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски политичар и публицист
- 28 август - Антон Панов, македонски писател
- 25 ноември – Аптон Синклер, американски писател
- 19 декември - Норман Томас, американски социјалист
- 20 декември – Џон Стајнбек, американски писател
- 30 декември – Тригве Ли, прв генерален секретар на Обединетите Нации
Видете исто:
![]() |
Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1968“ |