1999
Од Википедија, слободната енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Содржина |
[уреди] Настани
- 28 јануари - Република Македонија го признава Тајван.
- 16 февруари – Во Узбекистан е извршен неуспешен обид за атентат врз претседателот Ислам Каримов.
- 12 март – Полска, Унгарија и Чешка се приклучуваат кон НАТО.
- 24 март - Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција наречена „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
- 27 март - Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.
- 9 април – Извршен е атентат врз претседателот на Нигер, Ибрахим Баре Менасара.
- 30 април – Камбоџа станува членка на АСЕАН.
- 2 мај - Авијацијата на НАТО изврши напад на СР Југославија со „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. 70% од земјата остана во мрак.
- 7 мај - Бомбардирана е Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.
- 7 мај – Во Гвинеја-Бисао е извршен воен удар.
- 14 мај - Авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица.
- 9 јуни – Во Куманово СР Југославија и НАТО потпишуваат договор за прекин на огнот.
- 10 јуни - Советот за безбедност на ОН ја усвои Резолуцијата 1244 со која Косово се става под управа на Обединетите Нации.
- 23 јуни - Излегува првиот број на дневниот весник „Утрински весник“ во Скопје.
- 28 август - Во сообраќајна несреќа кај Катланово загина министерот Радован Стојкоски, како и неговата сопруга и ќерка и возачот на владиното „ауди“. Сообраќајната несреќа ја предизвика возило на НАТО кое се движеше во спротивна насока.
- 14 септември – Кирибати, Науру и Тонга стануваат членки на Обединетите Нации.
- 12 октомври – Первез Мушараф преку воен удар доаѓа на власт во Пакистан.
- 12 октомври – Светското население достигна 6 милијарди.
- 31 октомври – Се одржува првиот круг од претседателските избори. Најголем број гласови освојува кандидатот на СДСМ, Тито Петковски.
- 6 ноември – Австралијанците на референдум одлучија да ја задржат монархијата.
- 14 ноември - Се одржува вториот круг од претседателските избори. Победува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски.
- 15 декември - Борис Трајковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
- 20 декември – Португалија и го предаде Макао на НР Кина.
- 23 декември - Основана е Либералната партија на Македонија.
- 31 декември - Рускиот претседател Борис Елцин ја напушта функцијата и го именува Владимир Путин за свој наследник и в.д. претседател на Руската Федерација.
[уреди] Без датум
- Излегува во печат првото издание на британското списание The Chap.
[уреди] Родени
[уреди] Починале
- 2 мај – Оливер Рид, англиски актер
- 6 јули – г.г. Михаил, поглавар на Македонската Православна Црква
- 12 октомври – Вилт Чембрлен, американски кошаркар
- 14 октомври - Јулиус Њерере, танзаниски претседател
- 11 декември – Фрањо Туѓман, хрватски претседател
Видете исто:
![]() |
Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1999“ |