1943
Од Википедија, слободната енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 2 февруари - Завршува Сталинградската битка со предавање на германската шеста армија.
- 11 март - Бугарската војска и полиција ја спроведе акцијата на апсење и депортација на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка.
- 19 март - Основана е Комунистичката партија на Македонија како македонска секција на Сојузот на комунистите на Југославија.
- 15 мај - Распуштена е Коминтерната.
- 10 јули - Сојузниците се истоваруваат на Сицилија.
- 16 јуни - Бугарските војници стрелаа 12 млади Македонци од селото Ваташа.
- 18 август - на Славеј Планина, Дебарца е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“. Овој ден се смета за Ден на создавањето на организирана македонска војска и како таков е прифатен за Ден на Армијата на Република Македонија.
- 23 август - Завршува Битката кај Курск со тежок пораз на германските сили.
- 8 септември - Италија склучува примирје со сојузничките сили.
- 11 ноември - Формирана е Првата македонско-косовска бригада.
- 22 ноември - Либан добива независност од Франција.
- 9 декември - АНОК го објавува својот Приговор на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.
- 29 ноември - Во Јајце се одржува Второто заседание на АВНОЈ.
- 22 декември - Одржан е Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија.
[уреди] Родени
- 28 јануари - Кирил Ценевски, македонски режисер и сценарист
- 9 февруари - Џозеф Стиглиц, американски економист
- 22 февруари - Хорст Келер, германски претседател
- 25 февруари - Џорџ Харисон, британски музичар
- 9 март - Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор
- 29 март - Џон Мејџор, британски премиер
- 5 мај - Игнасио Рамоне, шпански писател
- 26 јули - Мик Џегер, англиски пејач
- 11 август - Первез Мушараф, пакистански генерал
- 17 август - Роберт де Ниро, американски актер
- 6 септември - Роџер Вотерс, англиски пејач (Pink Floyd)
- 29 септември - Лех Валенса, полски претседател
- 8 декември - Џим Морисон, американски пејач (The Doors)
- 24 декември - Тарја Халонен, фински претседател
- 25 декември - Зафир Хаџиманов, македонски пејач и композитор
[уреди] Починале
- 4 јануари - Мирче Ацев, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 4 јануари - Страшо Пинџур, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 7 јануари - Никола Тесла, американски научник со српско потекло
- 28 март - Сергеј Василевич Рахманинов, руски пијанист, композитор и диригент
- 11 април - Лазо Трповски, македонски комунист од Егејска Македонија
- 21 април - Боро Петрушевски, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 6 јуни - Пантелис Пулјопулос, грчки троцкист
- 13 јуни - Кочо Рацин, македонски поет и комунист
- 28 август - Борис ІІІ, бугарски цар
- 9 декември - Никола Парапунов, македонски комунист
Видете исто:
![]() |
Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1943“ |